Драмски театар Скопје премиерно ќе ја изведе претставата „Федра – Антропологија на една желба“ во режија на Дино Мустафиќ, која ги соочува класичната „Федра“ на Жан Расин и современата драма „Љубовта на Федра“ на Сара Кејн, истражувајќи ја комплексната природа на човековата желба и судирот меѓу индивидуалните стремежи и општествените норми. Драмски театар Скопје на 19 септември, со почеток во 20:00 часот, премиерно ќе го изведе диптихот „Федра – Антропологија на една желба“, во режија на Дино Мустафиќ , театарски проект што во една вечер ги соочува „Федра“ на Жан Расин и „Љубовта на Федра“ на Сара Кејн. Две драми што ги делат векови, јазик и поетика се среќаваат околу истата човечка пукнатина: моментот кога желбата станува посилна од разумот и човекот повеќе не може да се скрие од она што навистина го посакува.