Прашањата за градењето на македонската национална свест, за основањето и програмските определби… Прашањата за градењето на македонската национална свест, за основањето и програмските определби на Македонската револуционерна организација (МРО) преку кодификацијата на јазикот, се прашања кои во периодот од 1893 година до 1991-та ја докажуваат јасно изразената континуирана идеја и борба за самостојна, независна македонска држава, која конечно беше добиена пред 35 години. Ова беше истакнато на трибината „Македонија на Македонците – македонската ослободителна мисла 1893-1991“, која се одржа во Прилеп. „Со МРО, која што се формира во Солун во 1893 година, како што вели еден од основачите, Петар Поп-Арсов, се создаде организација која што во својата идеја ги имаше пред сè внатрешните македонски потреби.