По „Карамела“, со која Теа Трајковска го отвори својот нов музички „ASTRO“ свет, пристигнува второто поглавје од EP-то – „MI AMOR“, песна посветена на Девиците. Овојпат инспирацијата доаѓа од Девицата – знак познат по својата прецизност, силниот карактер и вниманието кон деталите, но и по една посебна, често скриена емотивност. Музиката и аранжманот се на Лазар Цветкоски, додека текстот го потпишува Андреј Трајковски – Тракер.