Јапонската амбасада во земјава, Кинотеката на Македонија и Центарот за култура во Битола ќе го одбележат Денот на културата на Јапонија со 19. издание на Неделата на јапонски филм , како и со работилници за оригами и традиционалниот јапонски чај. Денот на културата во Јапонија, познат како „Bunka no Hi“, се одбележува секоја година на 3 ноември, во чест на слободата и мирот, како и со цел промовирање на културата, уметноста и науката. Програмата ќе почне на 4 ноември, во 19 часот, во Кинотеката во Скопје, каде што амбасадорот на Јапонија, Кавахара, ќе го отвори 19. издание на Неделата на јапонски филм.