Во Скопје се одржа настан во рамки на „Evidence Day 2026“, посветен… Во Скопје се одржа настан во рамки на „Evidence Day 2026“, посветен на науката, иновациите и современите трендови во научното издаваштво, на кој учествуваа домашни и странски научници, истражувачи и претставници на академската заедница. Како што соопштуваат од фондацијата „Кантарот“, организатори на настанот, главен гостин на собирот со кој воедно беа официјално отворени и новите простории на фондацијата, бил професорот Стивен Бојд од Универзитетот Стенфорд, еден од водечките светски научници во областа на конвексната оптимизација и инженерството. На настанот присуствувале и проректорот за меѓународна соработка на УКИМ, Иван Чорбев, деканот на ФИНКИ, Петре Ламески, и деканот на Економскиот факултет во Скопје, Мијалче Санта.