Книгата „Италијанската литература и култура на барокот, просветителството и неокласицизмот“ од проф. д-р Ева Ѓорѓиевска и проф. д-р Јована Караникиќ Јосимовска, која е во издание на „Арс Ламина“, е добитник на престижната меѓународна награда „Флајано“. Наградата, која е во категоријата италијанистика „Лука Атаназио“, им беше врачена на авторките на свеченоста одржана на 23 октомври, во рамките на 53-тото издание на оваа значајна културна манифестација, поддржано од италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка. Наградата „Флајано“ за првпат е доделена на македонски авторки во меѓународна конкуренција.