Дванаесеттото издание на BookStar во Скопје почна со сцена што ретко се поврзува со книжевноста – стотици млади читатели, громогласен пречек на писател и долги редици за потпис. Шпанскиот автор Елој Морено ја отвори големата фестивалска приказна за слободата, врсничкото насилство, социјалните мрежи, вештачката интелигенција и иднината на книгата. Кога стотици млади чекаат писател наместо инфлуенсер, книжевноста покажува дека сè уште може да биде настан: 12. BookStar во Скопје почна со Елој Морено, „Невидлив“, разговор за булингот, слободата и дилемата дали вештачката интелигенција може еден ден да му стане конкурент на авторот.