Поранешната снаа на Драган Којиќ Кеба, Софија Дачиќ , повторно се појави на сцената на „Ѕвездите на Гранд“ и уште еднаш го привлече вниманието на јавноста, не само со своето пејачко умеење туку и поради приказната која ја следи од претходниот период. Публиката ја памети и по емотивната врска со Игор Којиќ, синот на Драган Којиќ Кеба и експресниот развод. Овој пат, Софија одлучи повторно да се испроба во музичкото натпреварување, а со својот настап освои пет гласа од жирито и си обезбеди пласман во вториот круг.