Тајван мора независно да управува со информациите што се однесуваат на неговите мориња и да спроведува сопствени океанографски истражувања, бидејќи опстанокот на островот зависи од заштитата на сопствените води, изјави Куан Би Линг, министерката која раководи со Советот за поморски прашања, пренесуваРојтерс. Тајван предупреди на засилена кампања на вознемирување од страна на Кина, преку која Пекинг се обидува да наметне суверенитет и јурисдикција над тајванските води. Во овие операции, Кина користи пловила на својата крајбрежна стража, како и научни истражувачки бродови.