Бабата Кет Боуви (78) од Шкотска постави Гинисов рекорд како најстарата жена стримерка на популарната видеоигра „Фортнајт“ Боуви, која на „Фортнајт“ и на другите платформи го користи прекарот „grumpygran1948“, редовно го пренесува своето играње во живо, а според Гинисовата книга на рекорди, понекогаш игра и до шест часа дневно. Нејзината приказна е вклучена во изданието „Guinness World Records Gamer’s Edition 2027“, кое беше објавено во септември. Боуви за Гинисовата книга на рекорди раскажала дека „Фортнајт“ веднаш ѝ го привлекол вниманието кога во 2017 година го видела својот внук како ја игра оваа видеоигра, во периодот кога бил претставен „Battle Royale“ начинот на играње.