Под мотото: За забавата да биде комплетна, следуваат три дена музичко лудило со познати имиња од македонската музичка сцена. На фестивалската сцена ќе се појават DJ Branchez, Нино Величковски и неговите Тамбураши, Благица Павловска и DJ Тина, Игор Џамбазов и Гуру Харе, DJ Тоше, група Гезме, Александар Јосифовски, Александар Тарабунов, група Лихнидос, Смиља Митреска, Ѓоко Танески, Огнен Здравковски, Дамјан Стојановски и DJ Галоски . „Вкуси ја Македонија во чаша“, на 16, 17 и 18 октомври во етно комплексот „Македонско село“ ќе се одржи винскиот фестивал „Вино фест 2026“. Оваа есен, во уникатниот амбиент на комплексот „Македонско село", во подножјето на Водно, ве очекуваат три дена исполнети со вино, музика, традиција и македонски вкусови.