Ноември би можел да донесе значајни промени на љубовен план за припадниците на четири хороскопски знаци. Според астролошките толкувања што ги пренесува „Атма“, Биковите, Раковите, Лавовите и Вагите имаат најголеми изгледи за нови романтични средби и започнување сериозни врски. Венера, планетата што во астрологијата се поврзува со љубовта, на 14 ноември го завршува ретроградното движење во Вага, додека Меркур е директен од 13 ноември.