Според анализата на Светскиот фонд за истражување на ракот („WCRF“), бројот на случаи на седум видови рак кај лицата помлади од 50 години значително се зголемил во Англија, САД и Холандија, а експертите предупредуваат дека зголемената распространетост на дебелината, нездравата исхрана, недоволната физичка активност, алкохолот и пушењето би можеле да придонесат за овој тренд. Анализата на податоците што ја спровел „WCRF“ покажала значително зголемување на бројот на случаи на рак со рана појава кај седум видови рак во Англија, пет во САД и четири во Холандија, пренесува „Guardian“. Во Англија, стапката на рак на простатата кај лицата помлади од 50 години од 2001 до 2023 година се зголемила речиси четирикратно, од еден на 3,6 случаи на 100.000 лица.