Според истражувањето „Nomad Lifestyle Index“ за 2026 година, првото место на листата на најдобри дестинации за живот го зазеде Монако , додека Андора е веднаш зад него. Меѓу десетте најдобро рангирани дестинации, дури шест се наоѓаат во Европа, како што објави „Euronews“ . Истражувањето на компанијата „Nomad Capitalist“ вклучуваше 63 дестинации, кои беа оценети според пет клучни критериуми: природа и клима, даночен систем, можности за престој и пристап, безбедност и слобода, како и квалитет на живот и инфраструктура. Земени се предвид и специфични индикатори како што се трошоците за живот, квалитетот на воздухот, очекуваниот животен век, брзината на интернетот, можноста за добивање државјанство и ризикот од екстремни временски настани.