Смислата за хумор се издвојува како особина што жените ја поврзуваат со поголемо задоволство во интимните односи, пренесува Index.hr. Смислата за хумор за многумина е една од најпривлечните особини кај потенцијалниот партнер, но се чини дека би можела да има важна улога и во сексуалниот живот. Според истражување објавено во научното списание "Socioaffective Neuroscience & Psychology" , жените ги поврзувале подобрите сексуални искуства и почестите оргазми со мажи кои имаат добра смисла за хумор.