Во брз квиз од Софија Рамирез, поранешна играчка на Барселона и Реал Мадрид, на глобалната премиера на играта на EA SPORTS, Луис… Во брз квиз од Софија Рамирез, поранешна играчка на Барселона и Реал Мадрид, на глобалната премиера на играта на EA SPORTS, Луис Фиго, меѓу другото, беше запрашан за најдобриот стадион во Шпанија кој го памети по атмосферата, за време на неговата кариера. “Можеби Сан Мамес”, рече Фиго, мислејќи на стадионот на Атлетик Билбао, познат по својата страствена публика. Запрашан кој стадион надвор од Шпанија, оставил посебен впечаток на него, Фиго одговори: “Секогаш е комплицирано, но можеби тој на Ливерпул.” Потоа следеше прашањето за неговиот омилен град за живеење.