Околу 11.000 денари помалку од синдикалната, толку чини просечната потрошувачка кошница на Министерството за економија за… Околу 11.000 денари помалку од синдикалната, толку чини просечната потрошувачка кошница на Министерството за економија за август, односно 58.845 денари. Министерот, Бесар Дурмиши рече дека разликата од околу 19,5% е во методологијата, односно во производите и трошоците што се пресметуваат. Министерот вели дека не сакаат да се тркаат во пресметките со синдикалците, туку реално да ги претставиме трошоците, односно, реалната потрошувачка и цените на производите и на услугите.