Ќе ви треба: 500 г свеж спанаќ 1 лажица путер 1 лажица брашно 150–200 мл млеко 1–2 чешниња лук сол и бибер по вкус Подготовка : Исчистете го спанаќот и добро измијте го. Оставете го во врела вода две минути да омекне, потоа исцедете го и ситно исечкајте го. Растопете го путерот во тенџере на средна температура. Потоа додадете го ситно исечканиот лук и пржете го кратко додека не замириса, потоа додадете го брашното и мешајте околу половина час. Додадете го млекото, мешајќи постојано за да нема грутки, додека смесата не стане мазна.