Во насока на унапредување на комуналната инфраструктура и одржување на почиста и поуредена животна средина, во тек се активности за поставување на подземен контејнерски систем со три корпи, кој ќе придонесе за поефикасно собирање на отпадот и подобро искористување на јавниот простор. Изведувач на работите е „Метал Апостолов“. Со ваквите активности продолжуваме со унапредување на јавните површини и создавање почиста, поуредена и поздрава животна средина за сите граѓани.