Актуелниот пратеник од редовите на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва во гостување на „Тема на денот“ на телевизија Сител, зборуваше за Актуелниот пратеник од редовите на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва во гостување на „Тема на денот“ на телевизија Сител, зборуваше за неминовната потребата од изградба на дата центри во Република Македонија, како последица на глобалните процеси на дигитализација, при што направи јасна дистинкција помеѓу националните дата центри и комерцијалните дата центри. Надоврзувајќи се Ковачевски рече „камо среќа да се појави потреба да одреден голем играч изрази желба на територија на Македонија да гради дата центар“. Ковачевски истакна дека изградбата на дата центарот, големината и намената зависи од потребата, притоа посочувајќи дека во Македонија постојат два типа на потреби и тоа како што вели Ковачевски „национална потреба на државата и тоа се нарекува Национален дата центар и второто е комерцијални дата центри коишто нудат услуги на комерцијални клиенти“.