Истражувањата дадоа одговор на прашањето зошто посегнувате по слатки пред спиење, дури и кога не сте гладни. Сте појадувале, сте ручале, сте вечерале, а можеби дури и сте си кажале дека денес повеќе нема ништо да јадете. А потоа, околу девет или десет часот навечер, одеднаш ви се пријадува нешто благо.