Кога се борите со настинка, апетитот често се намалува, но одредени намирници можат да помогнат со хидратацијата, зајакнувањето на имунитетот, како и со ублажувањето на симптомите на воспалено грло, кашлица и затнат нос. Како што наведува „Health“, бананите се благи за дигестивниот систем и често се прифатливи дури и кога не се чувствувате добро. Содржат фруктани, шеќери со антивирусни својства кои можат да го поддржат имунолошкиот систем.