Економските сценаријата за Македонија сигурно не се најцрни, па засега нема голема веројатност за драматично влошување на економските состојби. Оти, македонската економија расте споро и малку, па оттука веројатно овде нема ни што драматично да падне. Најголемиот дефект во македонската економија е структурниот проблем што е наследен од порано заедно со криминалната приватизација (освен одличните исклучоци), отсуството на трансформацијата во образованието (резултат нискоквалификувана работна сила), и огромен недостаок на образувани прептриемачи и инвеститори во нови фирми.