Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град… – Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и претставниците на Еснафот на Старата скопска чаршија, присуствуваше на фестивалот „Ритамот на чаршијата“, културна манифестација која ги промовира културното наследство, традициите и занаетите карактеристични за Старата скопска чаршија. Фестивалот, како што информираат од Општина Чаир, претставуваше платформа за промовирање на културните и занаетчиските вредности, истакнувајќи го историското, општественото и економското значење на Чаршијата. Во рамки на настанот беше нагласена потребата од зачувување на нејзиниот автентичен идентитет, поддршка на занаетчиите и локалните бизниси, како и развивање иницијативи што го збогатуваат културниот живот на градот.