Според директорката на Медицинскиот институт при Универзитетот во Сургут, Људмила Коваленко, ефектот на полифенолите врз забавувањето на стареењето на клетките бил најизразен кај боровниците, пренесе „РИА Новости“. Истражувачите анализирале бобинки одгледувани во областа Сургут, на северот од Русија. Полифенолите се растителни соединенија кои, освен што ги штитат растенијата од штетници, болести и ултравиолетово зрачење, имаат антиоксидативни и противвоспалителни својства.