Финската полиција покрена кривична истрага поради сомнеж за кривично дело против животната средина на градилиштето на новиот податочен центар на Гугл (Google). Истрагата е насочена кон финската подружница на Гугл, „Tuike Finland“, и кон работите во близина на градот Мухос на северот од земјата, пренесува Ројтерс. Проектот е дел од планот што „Alphabet“, матичната компанија на Гугл, го најави минатиот месец. Станува збор за инвестиција од 13,5 милијарди евра во инфраструктура за вештачка интелигенција во Финска, што Гугл ја опиша како своја најголема инвестиција во Европа.