На денешен ден 1920 година во Битола е роден Стефан Наумов – Стив, истакнат македонски комунист, партизан и еден од организаторите на Народноослободителната борба (НОБ) во Битола и битолско. Животот го дава во херојски чин, на неполни 22 години на 12 септември 1942 година, кога за да не паднат живи во рацете на непријателот, заедно со својот соборец Мите Богоевски, опколени од непријателските бугарска војска и полиција, извршуваат самоубиство кај селото Болно (Ресенско). Прогласен е за Народен херој на Југославија на 29 јули 1945 година, еден од првите пет македонски борци кои воопшто го добиле ова одликување заедно со Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Орце Николов и Христијан Тодоровски-Карпош. Во Бугарија, пак, го сметаат за терорист.