Зимската гардероба нуди бескрајни можности за комбинирање, но кога ќе дојде време за перење, многумина се соочуваат со истата дилема: како да го исперете омилениот волнен џемпер, меките тренерки или топлата јакна полнета со пердуви, а притоа тие да не ја изгубат формата или функционалноста? Нема полошо изненадување од тоа да извадите џемпер од машината за перење кој толку се собрал што повеќе не може да се носи, или пак да најдете јакна каде што полнењето се собрало во големи, нерамномерни грутки. Иако често претпоставуваме дека проблемот е во лошиот квалитет на облеката или во неисправната машина за перење, тој најчесто произлегува од начинот на кој ги переме и сушиме зимските парчиња облека.