Норт Вест направи уште еден важен чекор во својата музичка кариера. Тринаесетгодишната ќерка на Ким Кардашијан и Канје Вест во саботата, на 5 септември, го одржа својот прв самостоен концерт во театарот „The Vic“ во Чикаго, пред распродадена сала. Меѓу публиката биле и нејзините родители, кои, иако повеќе не се заедно, дошле да ја поддржат својата ќерка.