Вчера (20. Септември) беше нивниот ден- роденден на близнаците Мартин и Стефан од дуото „Некст тајм“ кои го прославија 40-от роденден. Во Скопје вчера за малку не заврна, оваа година дождот прескокна за нивниот роденден, зашто како што претходно кажале, за нивниот ден секогаш врне дожд. Едниот во Скопје, другиот во Виена, ама сепак блиску во срцата како и секогаш поврзани, близназите славеа чекор во петтата деценија од животот, а за овој убав, голем и значаен јублилеј на Фејсбук напишаа: Денеска го славиме нашиот 40-ти роденден.