Братот на покојната британска принцеза Дијана, Чарлс Спенсер, открил во своите мемоари дека кралот Чарлс III, само неколку дена по нејзината смрт, рекол: „Наскоро ќе ја заборавиме“, објави денес Би-Би-Си. Во извадок од своите мемоари, објавен од „Дејли Меил“, Спенсер тврди и дека принцот од Велс во тоа време излеал поплава од гнев врз него откако тој инсистирал дека Дијана … Братот на покојната британска принцеза Дијана, Чарлс Спенсер, открил во своите мемоари дека кралот Чарлс III, само неколку дена по нејзината смрт, рекол: „Наскоро ќе ја заборавиме“, објави денес Би-Би-Си. Во извадок од своите мемоари, објавен од „Дејли Меил“, Спенсер тврди и дека принцот од Велс во тоа време излеал поплава од гнев врз него откако тој инсистирал дека Дијана сигурно не би сакала принцовите Вилијам и Хари, кои тогаш имале 15 и 12 години, да учествуваат во поворката за време на нејзиниот погреб. Ерлот Спенсер наведува дека еден од високите службеници на Бакингемската палата го информирал дека младите принцови ќе одат покрај ковчегот на принцезата Дијана, на што тој се спротивставил. Тој тврди дека Чарлс го повикал набргу потоа.