Кога ќе кажете моден кастинг и ревија, многумина помислуваат на гламур или барем на вовед во спектакл. И не грешат, има такви аудиции, но постои и онаа друга страна, за која помалку се зборува и која, според зборовите на манекенката Јенте Лиза Рајтсма, воопшто не е гламурозна. Манекенката Јенте Лиза Рајтсма, која изгради кариера работејќи кампањи за брендови како „Toni&Guy“, „DSQUARED2“ и „Superdry“, откри детали за лошите хигиенски стандарди во модната индустрија, односно на кастинзите.