Познат психолог открива која е најчестата грешка што ја прават родителите при воспитувањето на децата. Родителите вложуваат многу време, пари и енергија во своите деца, купуваат едукативни книги, ангажираат приватни наставници, ги запишуваат на курсеви и се обидуваат да им обезбедат што е можно повеќе знаење и можности. Сепак, и покрај сите овие инвестиции, понекогаш се случува детето во одреден момент да ја изгуби мотивацијата, да почне да одбива училиште или да се откаже од она што порано со ентузијазам го прифаќало.