„1.0 | 0 | 0Американската компанија „Rockstar Games“ денеска објави нов трејлер за видеоиграта „GTA VI“, во траење од 90 секунди, околу еден месец пред нејзиното планирано излегување, закажано за 19 ноември за конзолите „PlayStation 5“ и „Xbox“ Трејлерот не открива многу нови детали, но ја прикажува атмосферата на измислениот град Вајс Сити, инспириран од Мајами, а носи и нова нумера од француското електронско дуо „Justice“, кое е задолжено за музиката во играта, пренесува порталот „The Verge“.
Според описот на приказната објавен со трејлерот, главните ликови Џејсон и Лусија се наоѓаат во средиштето на криминален заговор што се протега низ измислената американска сојузна држава Леонида.