Поради иселувањето, но и поради промената на навиката за затоплување на домовите кај дел од граѓаните, секоја година бројот на побарувачка за огревно дрво во прилепско се намалува за околу 10-тина проценти. Од Црн Бор Прилеп очекуваат оваа тенденција да продолжи и во годините кои следуваат. „Причините се најмногу определбата на граѓаните да наместо дрва користат друг реагенс за затоплување, најчесто нели тоа се клими, пелети, топлотни пумпи итн., некако дрвото на помладите генерации им е погараметно, не сакаат и избегнуваат сечење, цепење, валкање и тие работи.