Холивудската ѕвезда Деми Мур повторно го привлече вниманието на јавноста, но овој пат не со спектакуларна модна комбинација или гламурозно појавување на црвениот тепих, туку со нешто сосема спротивно – фотографија на која позира во опуштено, секојдневно издание, со минимална шминка. Актерката, која важи за една од најнегуваните холивудски дами, покажа како изгледа далеку од рефлекторите, свечените фустани и професионалните стилисти. На фотографијата, направена во друштво на познатата експертка за нега на кожата Керен Бартов , Деми носи широка маичка и темносини панталони со комотен крој.