Пациентите со хипертензија побрзо се опоравуваат со класична музика, а истражувањата покажаа дека слушањето композитори како… Пациентите со хипертензија побрзо се опоравуваат со класична музика, а истражувањата покажаа дека слушањето композитори како Јохан Себастијан Бах или Волфганг Амадеус Моцарт може да помогне во намалувањето на високиот крвен притисок. Научниците откриле дека кај пациентите во болница, на кои им пуштале класична музика преку слушалки за виртуелна реалност, крвниот притисок им опаѓал побрзо од оние кои примале само стандардна терапија. Списокот вклучувал композиции од Бах, Моцарт, Дебиси, Вивалди и Чајковски, пренесе британски „Телеграф“.