Бела Хадид и оваа година носеше крилја на ревијата на „Victoria's Secret“ и изгледаше божествено, а за забавата по ревијата избра многу сексапилна комбинација, со која ги покажа долгите и витки нозе, но и целата фигура. Бела Хадид привлече големо внимание и на забавата што следуваше по официјалниот дел, по познатата ревија на брендот „Victoria's Secret“, одржана во Лос Анџелес во неделата, на која се прошета во спектакуларно издание. За овој настан се пресоблече од долната облека што ја носеше на пистата во нешто поопуштено, но не помалку провокативно издание.