Викторија Бекам повторно привлече внимание со своите модни избори, овој пат за време на престојот во Њујорк. Модната дизајнерка и поранешна пејачка избра лежерно кроено одело во чоколадно кафеава боја, кое го комбинираше со црн топ. Притоа, таа покажа како две темни нијанси, кои некогаш се сметаа за некомпатибилни, можат да изгледаат елегантно и хармонично, пишува „Who What Wear“.