Станува збор за закривени дигитални OLED светла кои се состојат од шест стаклени плочи, секоја со дебелина од само 0,1 милиметар. Панелите се обликувани да ги следат страничните линии на каросеријата, за разлика од класичните рамни светла. Aуди ја претстави оваа иновација како светска премиера уште во јули, за време на најавата на моделот Q9. Технолошката основа се состои од хардвер со вкупно 512 светлосни сегменти распоредени на шест плочи, каде што секој сегмент може да се контролира независно.