Во денешните два натпревари од 12. коло на Првата македонска фудбалска лига, Шкендија Арачиново и Тиквеш ремизираа 1-1, додека Шкендија од Тетово славеше на гостувањето кај Брегалница во Штип со 1-2. Шкендија Арачиново пропушти можност за три бода, откако Тиквеш освои бод на гостувањето во Чаир. Домашниот тим не ги искористи своите шанси, водство донесе Марко Симоновски, па Лусианињо донесе реми за кавадарчани со погодок за конечни 1-1. Брегалница Штип загуби од Шкендија со 1-2, иако успеа да се врати по раното водство на гостите. Фахд Ндзенгуе погоди во 3. минута, Кристијан Стојковски израмни во 39. минута, а Марко Ѓорѓиевски во 70. минута ја донесе победата за тетовчани.