Положбата на Месечината носи промени во емоционалната сфера, а пет хороскопски знаци би можеле особено да го почувствуваат нејзиното позитивно влијание. Месечината влезе во знакот Вага, што може да донесе многу позитивни промени за пет хороскопски знаци. По нејзиниот транзит низ Девица – период кога работата и продуктивноста беа во преден план – Месечината во Вага сега го префрла фокусот кон односите, поттикнувајќи го решавањето на несогласувањата со пријателите и враќањето на хармонијата во меѓучовечките односи, пренесува YourTango.