Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Селото, како што информираа од општина Полигирос, секоја година симболично станува местото од каде што започнува божиќното патување низ целата земја.
„Таксиархис е селото на елките, од каде што оваа година се проценува дека околу 32.000 елки „ќе отпатуваат“ во сите краишта на Грција, носејќи ја божиќната магија во домовите на илјадници семејства, а истовремено давајќи поддршка на локалното производство и на луѓето од селото, нешто на што се осврна и заменик-градоначалникот на општината надлежен за култура и туризам Јанис Лелејанис Посочи дека елките од Таксиархис, ќе ги осветлат плоштадите, домовите, некоја детска соба некаде во Грција и тоа е подарокот што го нуди селото „малку светлина, малку радост, малку надеж – токму во време кога на сите ни се толку потребни“.