На 5, 6 и 7 октомври 2026 година во Домот на културата „Билјана Беличанец“, во рамкит. На 5, 6 и 7 октомври 2026 година во Домот на културата „Билјана Беличанец“, во рамките на Меѓународниот филмски фестивал „КИНЕНОВА“, се одржаа филмските работилници „Снимај паметно, остави трага“ со учениците од VIII и IX одделение од основните училишта од Општина Кисела Вода. Оваа иницијатива претставуваше практична финализација на проектот на Небојша Јовановиќ, овозможен преку Јавниот повик за проекти од локално значење во културата објавен од Општина Кисела Вода, а преку кој младите имаа можност со своите мобилни телефони да создадат оригинални видеоприказни.