Дискусијата за воведување модел на плаќање по работен час е обид за дефокусирање на јавноста од суштинскиот проблем, а тоа се ниските плати во државата, на кои не им требаат нови пресметки туку реално зголемување. Ова го порача претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, преку објава на социјалните мрежи. Според Трендафилов, зад ваквите предлози се крие сериозна опасност да се отвори простор за легализирање на злоупотребите што одредени работодавачи веќе ги прават, како што е неплаќањето на прекувремената работа, работата за празници и неправилното пресметување на додатоците.