Дваесет и шестото издание на Скопје филм фестивал (СФФ) официјално заврши вчера, на 9 ноември, во Кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ). Под динамично ново раководство, Фестивалски совет и тим од домашни и меѓународни професионалци, возобновениот Скопје филм фестивал ги додели своите награди. Наградата за најдобар филм беше доделена на филмот „Нема рај ако те убие жена“ на Халкавт Мустафа, оценет како „кинематографско дело кое носи моќна, автентична перспектива за курдските жени-борци кои го победуваат екстремизмот преку фундаменталниот страв дека мажите нема да одат во рајот ако ги убие жена“.Наградата за најдобра режија беше доделена на Габор Холтаи, автор кој на големото платно мајсторски пренесува алегорија за систематската државна репресија, која иронично носи наслов „Чувство на дом“. Специјално признание од програмата „Дијалози“ доби филмот „Тивки ноќи“на Лоренс Фахардо, „за неговиот живописен приказ на бруталните одреди на смртта за време на режимот на Дутерте на Филипините“.