Деми Мур со децении е една од најпопуларните и највлијателните актерки во Холивуд. Сепак, се чини дека дури денес, во зрелите години, конечно живее онака како што отсекогаш посакувала – во мир, стабилност и, пред сè, слобода, која во младоста едноставно ја немала. Нејзиниот приватен живот со години беше под лупа на јавноста, а најголемо внимание привлекуваа љубовните бродоломи и пропаднатите бракови.