Една третина од Американците сметаат дека властите треба да направат втор обид за извршување смртна казна доколку првиот бил неуспешен, покажува истражувањето на Ројтерс и „Ипсос“, спроведено по неуспешната егзекуција со смртоносна инјекција во американската сојузна држава Тенеси. Според националното истражување, оние што поддржуваат повторен обид за егзекуција на затворениците кои го преживеале првиот обид се во малцинство. Четиридневното истражување, завршено вчера, покажува дека 39 отсто од испитаниците сметаат оти, наместо повторен обид за егзекуција, властите треба да им овозможат на осудените да ја отслужат доживотната затворска казна, додека 26 отсто се несигурни кој од двата пристапа е посоодветен.