На денешната конференција посветена на градењето силни македонски брендови, развојот на компаниите и нивниот настап на меѓународните пазари што ја организира Унијата на млади претприемачи на Македонија „Феникс Рајзинг“, со поддршка на Шведско-македонската стопанска комора, беше посочено дека компаниите мора да ги следат трендовите и да ја применуваат вештачката интелигенција доколку сакаат да бидат конкурентни. На денешната конференција посветена на градењето силни македонски брендови, развојот на компаниите и нивниот настап на меѓународните пазари што ја организира Унијата на млади претприемачи на Македонија „Феникс Рајзинг“, со поддршка на Шведско-македонската стопанска комора, беше посочено дека компаниите мора да ги следат трендовите и да ја применуваат вештачката интелигенција доколку сакаат да бидат конкурентни на меѓународните пазари. „Она што покажуваат податоците е дека македонските компании имаат и користат дигитални алатки, но за жал не доволно користат вештачка интелигенција во рамки на процесите на развој и истовремено недоволно ги користат платформите за електронска трговија за да ги промовираат своите производи прво во државата, а потоа да станат конкурентни со истите стандарди и во странство“, вели министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.