„1.0 | 0 | 0„Овде живееме како на друга планета, како да ништо не нè засега – ама сега мнозина сакаат да се како српските студенти.
Мојот личен став, да повторам е дека за смена на длабоко неправеден систем, заснован не само на корупција, туку на социјална експлоатација и неоколонијален однос кон САД, НАТО или ЕУ, е потребна силна партиска организација, дисциплинирана (за мој вкус, левичарска, се разбира) партија“, вели универзитетската професорка, Билјана Ванковска во разговор околу фактот дека во Македонија веќе постојат различни извори на незадоволство — економски притисок, иселување, недоверба во институциите и сомнежи за корупција, но, народот не излегува на протести.